Фудбалски навивач на ВБА осуден на осум недели затвор за расистичка навреда

Од:

Англискиот фудбалски навивач, кој преку интернет на расна основа го навредуваше фудбалерот на ВБА, Ромејн Сојерс, е осуден на осум недели затвор, одлучи денеска судот во Бирмингем.

Сајмон Сливуд (50) е прогласен за виновен, откако во јануари годинава по поразот на неговиот омилен тим ВБА од Манчестер сити (0-5) преку социјалните мрежи упати навредлива порака за темната боја на кожата на 29-годишниот Сојерс.

Сливуд пред судот призна дека објавил порака на социјалните мрежи револтиран од високиот пораз на ВБА, но се бранеше дека случајно користел „предикативен текст“.

Судот ја одби неговата одбрана и покрај затворската казна, му изрече и парична глоба во износ од 1.000 фунти.

– Сливуд намерно избрал збор за кој е познато дека има јасни расистички конотации со цел да го злоставува фудбалерот поради бојата на кожата. Таквите постапки нема да се толерираат во фудбалот, порача судијата Марк Џонсон.

Сојерс ја поздрави пресудата за навивачот, кој претходно доби доживотна забрана од ВБА да присуствува на натпреварите на клубот од Бирмингем.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Капитенот на Аталанта му се извини на Кулибали за расистичките навреди од фановите

А1он

Тинејџер доби шест недели затвор за расистичка навреда кон Рашфорд

А1он

Почнува четиридневното сослушување на Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД

А1он

Лудовик Радосављевиќ отпуштен од клубот „Прованс рагби“ поради расистичка изјава

А1он

Бајден: Белите расисти се најголемата терористичка закана за САД

А1он