Фудбалерите заминаа за Малта

Од:

Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Малта каде што во вторник ќе го одигра вториот Евроквалфикациски натпревар од септемврискиот циклус.

Кај аутсајдерот во групата, македонските репрезентативци патуваа по ремито 1-1 против Италија во Скопје.

За нашиот тим, дуелот со Малта ќе биде петтиот натпревар во квалификаците за пласман на Европското првенство во Германија следната година.

По четирите одиграни средби, македонскиот состав со четири бода е на четвртата позиција на табелата. Четири бода имаат и Италијанците на третото место. На лидерската позиција е Англија која има 13 бода, вторпласирана е Украина со седум, а на дното е Малта која е без бодови.

Би можело да ве интересира

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

ВИДЕО: Македонија убедлива против Лихтенштај, навивањето запре во 59. минута во чест на жртвите во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија води против Лихтенштајн, натпреварот почна со минута молк

Катерина Ѓуровски

Во спомен на настраданите: Фудбалерите ќе носат маици “Кочани, 16.03.2025”

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите со темни дресови, фалангата со црни маички за мечот на Македонија против Лихтенштајн

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации