Фудбалерите на Вулверхемптон денеска го победија тимот на Челзи со 2:1 во натпреварот од 18. коло на Премиер лигата.
Головите за Вулверхемптон ги постигнаа Марио Лемина во 51. минута и Мет Доерти во третата минута од судиското надополнување. Единствениот стрелец за гостите беше Кристофер Нкунку во шестата минута од судиското надополнување.
Челзи е десетти на табелата во Премиер лигата со 22 бода, исто колку и Вулверхемптон кој е на 11. позиција.