Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Од:

Фудбалерите на Тотенхем вечерва на „Олд Трафорд“ го победија Манчестер Јунајтед со 3:0 во натпреварот од шестото коло на англиската Премиер лига.

Головите за Тотенхем ги постигнаа Бренан Џонсон во 3. минута, Дејан Кулушевски во 47. минута и Доминик Соланки во 77. минута. Ова беше трет пораз за Манчестер Јунајтед во последните пет натпревари во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи во 42. минута беше исклучен Бруно Фернандеш.

Тотенхем моментално е осми на табелата во Премиер лигата со 10 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 12. позиција со седум.

Фудбалерите на Тотенхем во следното коло од англискиот шампионат ќе гостуваат кај Брајтон, додека Манчестер Јунајтед во Бирмингем ќе игра со Астон Вила.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он