Фудбалерите на Ренџерс го декласираа Селтик

Од:

Фудбалерите на Ренџерс на домашен терен го декласираа Селтик со резултат 3:0 во 337. дерби на „Олд Фирм“, во натпреварот од 21. коло на шкотската Премиер лига.

Ренџерс со победата стигна до 39 бода од 19 натпревари и е втор на табелата, додека лидерот и бранител на титулата Селтик има 50 бода од исто толку натпревари.

Домашните поведоа со голот на Јанис Хаџи во 7. минута. Синот на легендарниот романски фудбалер Георги Хаџи со удар од земја од дваесетина метри ја испрати топката во мрежата. Предноста на домашните ја удвои дефанзивецот Робин Препер во 66. минута, а Конечниот гол го постигна Данило во 82. минута.

Би можело да ве интересира

Поделен Глазгов – Ренџерс ќе ја пеат „Бог да го чува кралот“, Селтик нема да оддржат минута молк

Нова „деветка“ на островот! Данди-Селтик 0:9

Некој му ја запалил куќата на претседателот на Селтик

Жарко Настоски

Пет фудбалери на Глазгов Ренџерс отстранети од тимот за кршење на ковид-протоколот