Фудбалерите на ПСЖ го „прегазија“ Интер во финалето на Лигата на шампионите

Од:

Пари Сен Жермен стана европски шампион откако убедливо го победи Интер Милан со 5-0 во финалето на Лигата на шампионите.

Парижаните го постигнаа својот најубедлив триумф во финале на Купот или Лигата на шампионите досега, откако претходно победија три пати со 4-0 и еднаш со 7-3.

На преполната „Алијанц Арена“ во Минхен, младиот Дезире Ду блесна, постигнувајќи два гола и асистенција во финалето на 20-годишна возраст.

Парижаните поведоа со голот на Ашраф Хакими во 12-тата минута, по додавањето на Ду и со „помош“ на Федерико Димарко, кој доцнеше да направи офсајд.

Ду постигна гол осум минути подоцна по додавањето на Усман Дембеле, а потоа го постигна и третиот гол по одличниот потег на Дембеле и Витиња во 63-тата минута.

Четвртиот гол го постигна Квица Кварчелија во 73-тата минута по уште една асистенција од Дембеле, пред конечниот резултат да го постави „резервата“ Сени Мајула во 86-тата минута.

Парижаните ја освоија „тројната круна“, по титулата и Купот на домашната сцена, додека Интер остана без трофеј во четири натпреварувања, со два порази во финалето на Лигата на шампионите за две години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најдобриот фудбалер од средниот ред не сака да оди во Реал Мадрид

А1он

Ѕвездата на ПСЖ ќе оди на судење – обвинет е за силување

А1он

Финансиска војна: Мбапе го притиска ПСЖ преку судски извршител

Луис Енрике си оди од ПСЖ?

А1он

ПСЖ го победи Фламенго на пенали и го освои Интерконтиненталниот куп

Интер се извлече – Лаутаро човекот на одлука во Пиза