Фудбалерите на Боде Глимт победија вечерва на домашен терен против Порто со резултат 3:2, во натпреварот од првото коло од Лигата на Европа.
Порто поведе во осмата минута со голот на Саму Омородион, Каспер Хејг го израмни резултатот во 15.
Пресвртот за Боде го донесе Јенс Хауге со головите во 40. и 62. минута. Конечниот резултат го постави Дениз Ѓул со гол во 90. минута.