Фудбалерите до 17 години поразени и од Луксембург на турнирот во Скопје

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години загуби со 3:2 од соодветната селекција на Луксембург во последниот натпревар од мини квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ на тренинг центарот „Петар Милошевски” со нов пораз го заокружија овој квалификациски циклус.

Македонија одлично го започна натпреварот. Мухамед Елмас успеа да погоди уште во 4. минута и да и донесе предност на нашата селекција.

Противникот во период од четири минути успеа да направи комплетен пресврт. Израмнувачки гол постигна Бенслаиман во 36. минута. Голот за водство на Луксембург го постигна Федерспиел во 40. минута од средбата.

Во продолжението, Македонија го израмни резултатот. По асистенција на Ајетовиќ, Младеновски погоди за 2:2.

Сепак, во последните мигови од средбата, Федерспиел погоди за победа на Луксембург со 3:2.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

ВИДЕО: Македонија убедлива против Лихтенштај, навивањето запре во 59. минута во чест на жртвите во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија води против Лихтенштајн, натпреварот почна со минута молк

Катерина Ѓуровски

Во спомен на настраданите: Фудбалерите ќе носат маици “Кочани, 16.03.2025”

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите со темни дресови, фалангата со црни маички за мечот на Македонија против Лихтенштајн

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации