На фудбалски натпревар во Етиопија играчи незадоволни од досудената одлука се обидоа да го линчуваат судијата.
Инцидентот се случи на натпреварот меѓу екипите Дифенс и Велвало Адиграт Јуниверсити, кога при резултат 1:1 судијата призна спорен погодок на Дифенс.
По одлуката неколку фудбалери на Велвало го нападнаа судијата и почнаа да го гонат се до атлетската патека, каде тој беше приморан да се барани со знаменцето за корнер, но доби и неколку удари.
По интервенцијата на полицијата, ситуацијата се смири.