Французите се извлекоа во дуелот со Србија

Од:

Актуелниот европски шампион Франција ја забележа првата победа на Светското кошаркарско во Шпанија. Во дербито од 2.коло на групата Б кој го оправда приматот дерби „Триколорите“ ја совладаа Србија минимално со 74:73.

Иако во најголемиот дел од натпреварот Србите имаа резултатска предност која во еден момент изнесуваше и 12 поени, сепак во финишот од средбата Французите фатија резултатски приклучок.

На 1,1 секунда до крајот, при нерешен резултат, доскорашниот кошаркар на Партизан, Жефри Ловерњ реализира едно од двете слободни фрлања поставувајќи ги конечните 74:73.

Токму Ловерњ со 19 поени беше најефикасен во селекцијата на Франција, за која Дио постигна 16, а Батум и Џексон придодадоа по 12 поени.

Сега двете репрезентации имаа по една победа и еден пораз.

Радуњица со 21 поени и 7 скокови беше најдобар поединец во српската селекција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот