Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Од:

Машката одбојкарска репрезентација на Франција денеска го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето ја совлада Полска со резултат 3:0 (25:19, 25:20, 25:23).

Најефикасен во француската репрезентација беше Жан Патри со 17 поени, додека Тревор Клевено постигна 11. Кај полскиот тим најдобар беше Бартош Курек со 10 поени.

Така Франција го одбрани златото освоено на Олимписките игри во Токио, додека избраниците на Никола Грбиќ не успеаја да пружат посилен отпор во финалето.

Бронзениот медал го освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3:0.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ