Франција ја прекина продажбата на возила од германскиот производител „Мерцедес“, поради скандалот со течноста за ладење Р134а во клима уредите, која е забранета на територијата на ЕУ, бидејќи дури 1.400 пати повеќе влијае врз ефектот на глобалното затоплување отколку емисијата на штетни гасови.
Според дилерите на Мерцедес во Франција, властите во земјата не дозволуваат регистрација на моделите А Класа, Б Класа и ЦЛА, кои се произведени по средината на јули годинава, кога спорната течност е прогласена за недозволена на територијата на ЕУ.
Запрена е испораката, не само на возила од лагер, туку и нарачката на нови возила што не се во согласност со новите прописи на ЕУ, односно кои не користат течност за клима уредите со ознака Р1234уф.
Информацијата доаѓа само неколку дена откако германски службеници најавија дека нема да ги поддржат предложените построги мерки за емисијата на штетни гасови, пред се јаглерод диоксид, за сите нови возила од 2020 година.