Втор натпреварувачи ден на Европското ракометно првенство за жени што се одржува во Хрватска и Унгарија.
По вчера одиграните натпревари од 1.коло во А и Б групите, денеска на програмата се првите средби во Ц и Д групите.
Во воведниот натпревар од групата Ц одигран во Вараждин селекцијата на Холандија ја изненади Германија и ја победи со 29:26. Во вториот меч од оваа група вечерва играат домаќинот Хрватска и Шведска.
Во Осиек, кој е домаќин на Д групата, се одигра првиот меч. Сираба Дембеле, ракометарката на македонскиот шампион ЖРК Вардар, со шест постигнати голови ја предводеше Франција до очекуван триумф над Словачка со 21:18.