Одбојкарите на Франција ќе играат во финалето на Светската одбојкарска лига, откако синоќа во Рио, во неизвесен и драматичен натпревар го совладаа актуелниот светски шампион Полска.
Французите славеа со 3-2 (25:23; 25:23; 19:25; 22:25 и 17:15).
Противник на Франција во борбата за трофејот ќе биде Србија, која претходно со ист резултат ги совлада САД.
Финалето се игра денеска од 16:30 часот, а во предигра на овој дуел за третото место од 14:10 ќе играат САД и Полска.