Репрезентациите на Франција и на Холандија се во предност и со победи во последното коло ќе обезбедат пласман во полуфиналето на Европското првенство за жени што се одржува во Шведска.
Двете селекции на синоќа одиграните дуели постигнаа победи. Франција го победи домаќинот Шведска со 21:19, додека Холандија беше убедлива против Србија со 35:27. Третиот дуел од групата 1 заврши без победник меѓу Шпанија и Германија, со што Германките ги намалија шансите за пласман во борбата за медалите.
Во последното коло утре (14 декември) играат:
Шпанија – Холандија,
Шведска – Германија и
Франција – Србија.
Табела: Холандија 6 бодови, Франција 6, Германија 5, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 1.
Денеска се играат дуелите од групата 2:
Чешка – Романија,
Унгарија – Норвешка и
Данска – Русија.