Франција, Хрватска, Германија и Летонија домаќини на Еуробаскет 2015

Од:

Четири земји, Франција, Хрватска, Германија и Летонија ќе бидат домаќини на Европско кошаркарско првенство во 2015 година, на кое завршницата ќе се игра во Франција.

Ова е одлуката на Бордот на ФИБА Европа на денешната работна средба одржана во Мадрид, каде во тек е Светското првенство.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат во Монпелје (Франција), Загреб (Хрватска), Берлин (Германија) и Рига (Летонија).

Францускиот град Лил ќе биде домаќин и на нок-аут фазата, чии натпревари ќе се играат на фудбалски стадион со капацитет од 27.000 места.

Покрај овие четири земји своја апликација за организација на ЕП имаа поднесено и: Турција, Израел и Полска.

Европското кошаркарско првенство, на кое по пети пат (четврти во низа) ќе настапува и репрезентацијата на Македонија, ќе се одржува во периодот од 5 до 20 септември 2015 година. 

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски