Репрезентацијата на Франција направи изненадување откако синоќа го победи домаќинот и фаворитот за финале, селекцијата на Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство во Шпанија.
Со овој пораз домаќинот останува без медал, а Франција, која е европски шампион, во полуфиналето во петок ќе игра против Србија.
Французите имаа контрола над играта и резултат во текот на целиот натпревар и тие беа репрезентацијата која водеше во поголем дел од натпреварот.
Во редовите на Шпанија со исклучок на Пау Гасол кој постигна 17 поени, сите други потфрлија, а за три поени Шпанците шутираа со очајни 2 погодени тројки од 22 обиди.
Кај Франција Борис Диао со 15 поени беше најефикасен.
Победа во четвртфиналето постигна и Србија, која со 84:56 го совлада Бразил.
Вечерва во првото полуфинале од 21 часот во Барселона ќе играат Литванија и САД.