Франц Тост: Торо Росо ќе го порази Мекларен во 2018 година

Од:

Шефот на Торо Росо, Франц Тост верува дека неговиот тим ќе го победи Мекларен во сезоната 2018. Двата тима ги разменија снабдувачите на погонски единици, откако тимот од Вокинг три години се мачеше со јапонска Хонда. Изгледаше дека Торо Росо е на пат да склучи лоша зделка, но откако претсезонските тестови започнаа, Тост веќе е убеден во претстојниот успех.

– Задоволни сме од моторот на Хонда, кој врши голема работа. Убеден сум дека тие ќе ни презентираат многу конкурентен пакет. Нашата цел е да сме во предниот дел на стартната линија, вели шефот.

Во меѓувреме, Мекларен не се радува на беспрекорен почеток на соработката со Рено. Честите проблеми за време на тестовите во Барселона покренаа загриженост во врска со дизајнот на MЦЛ33.

Тост не се обидува да ги искористи проблемите на противникот, но изрази мислење дека Мекларен избрзале при смената на погонската единица.

– Не сум заинтересиран за Мекларен. Н, убеден сум дека на крајот ние ќе имаме поконкурентен пакет од нив, додаде Тост.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес