Фрајтаг победник на скокалницата во Инсбрук

Од:

Германецот Рихард Фрајтаг е победник на третата етапа од традиционалната турнеја „Четири новогодишни скокалници“.

Фрајтаг до својата пета победа во Светскиот куп стигна на скокалницата во Инсбрук, каде со скоковите од 133,5 метри во првата и 132 метри во втората серија собра најмногу поени.

На втората позиција заврши Австриецот Штефан Крафт со скоковите од 137 и 127 метри, додека третото место со ист резултат, односно вкупен број на поени, го освоија Јапонецот Норијаки Касаи Јапонија и Симон Аман од Швајцарија.

Последниот натпревар од годинашното издание на „Новогодишната турнеја“ е во вторник со скоковите во Бишесхофен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ