Златната реплика на левото стапало на Меси, вредна 5,25 милиони долари е изложена во Токио, во чест на фудбалските достигнувања на еден од најголемите фудбалери на денешницата.
Златарот Гинза Танака, кој го направи „златното стапало“, беше минатата година во Шпанија за да земе отпечаток од Меси.
„Ова е нешто неверојатно. На стапалото може да се забележи секој детаљ. Навистина исклучително дело“, оцени братот на Меси, Родриго, на конференцијата за новинари.