ФОТО: Уште трае промоцијата на Mercedes CLA во Женева, а веќе е во Македонија

Од:

Најаеродинамичниот автомобил во светот новиот Mercedes CLA пристигна во Скопје, во просториите на импортерот Мак Аутостар.

Изненадувањето е огромно бидејќи само по вчерашната европска премиера на овој автомобил на штандот на Mercedes во Женева, CLA e веќе во Македонија.

Се очекува наскоро да има и официјално презентирање на автомобилот во јавноста, како и објавување на цената на чинење на овој модел.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Новиот CLA веќе го нарекуваат вистинска икона во дизајнот на автомобили и побудува огромен интерес не само во Европа туку и ширум светот, за што Mercedes-Benz прави напори за навремена испорака на автомобилите.

На почетокот на годинава, новиот CLA доживеа светска премиера и истата беше направена на американскиот континент на саемот за автомобили во Детроит, привлекувајќи огромно внимание на себе.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Нескротливиот, како што го опишуваат поради својот спортски и динамичен изглед и перформанси е најаеродинамичен автомобил во светот меѓу автомобилите од сериско производство, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd=0,22, што беше еден од најголемите предизвици на инженерите во Mercedes, да креираат возило кое ќе го плени секој поглед и притоа ќе го оддели од останатите со исклучителни перформанси.

Водејќи грижа за лесното управување и безбедноста, Mercedes-Benz e единствениот кој ги нуди како станадарден дел од опремата во оваа класа на возило системите ATTENTION ASSIST, кој го предупредува возачот при премореност, како и радарскиот систем COLLISION PREVENTION ASSIST со adaptive Brake Assist.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Овој радарски систем го предупредува возачот преку визуелен или звучен аларм за постоење пречка на патот и притоа да овозможи подготвување на Brake Assist системот за прецизно сопирање. Сопирањето почнува веднаш штом возачот стапне на педалата за сопирање. Кога е идентификувана потенцијална опасност, COLLISION PREVENTION ASSIST ја пресметува соодветната сила за сопирање неопходна за избегнување на несреќата.

Оваа функција во комбинација со системот DISTRONIC PLUS станува COLLISION PREVENTION ASSIST PLUS, што значи дека во случај на опасност од судар на патот и кога возачот не успеал да одговори навремено на опасноста, системот е во можност да воспостави самостојно сопирање, при брзини до 200 км/час, со што се намалуваат обемот на можните последици од судар, како за возила кои не се движат или се движат сосема бавно.

Кога станува збор за дигиталните уреди без кои денес се повеќе не се може, треба да се истакне дека новиот CLA располага со врвна технологија. Паметните телефони можат целосно да се интегрираат со оперативниот систем и дисеплејот на возилото.

Последната генерација на мултимедијскиот систем развиен во CLA располага со нови подобрени функции, што значи лесна интеграција со iPhonе во возилото, потоа нуди гласовната контрола и Glympse real-time лоцирањето, како и Facebook®, Twitter®, internet радио и напреден навигациски систем со моментни информации од сообраќајот, вклучувајќи ја и функцијата Street View™ и 3D map дисплеј.

Бензинските мотори се со зафатнина од 1.6 литри и тоа во две верзии, CLA 180 и CLA 200 со моќност од 122 кс и 156 кс, додека 2.0 литри моторот односно CLA 250 развива 211 кс.

Двата дизелски мотори: CLA 200 CDI е со моќност од 136 кс и вртежен момент од 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 кс и вртежен момент од 350 Nm и импресивна потрошувачка на отворено од само 4,5 литри на 100 км, како и емисија од само 109 грама CО2 на изминат километар. Сите мотори стандардно се опремени со ECO start/stop.

Димензиите на возилото се. Должина: 4630 мм / ширина 1777 мм / висина 1437 мм.

 

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска