ФОТО: Стотина Албанци го најавија своето присуство во Белград, Србите се закануваат со апсења

Од:

И покрај договорот меѓу Фудбалските сојузи на Србија и на Албанија да нема гостински навивачи на нивните меѓусебни дуели, стотина навивачи на албанската репрезентација го најавија своето присуство на вечерашната средба во Белград.

– Албанскиот сојуз се согласи да не дозволи организирано водење на навивачи, па ние билети ќе набавиме во Белград. Таму ќе не има стотина од нашата група. Ќе ги носиме нашите препознатливи црвено-црни маици. Не се плашиме. Нека не уапсат, изјави Алберт Кастрати, водачот на навивачката група на Приштина.

Албанските медиуми тврдат дека и други навивачи на Албанија, од јужниот дел на Србија ќе направат обид да присуствуваат на натпреварот прогласен од висок ризик.

albanski-utrasi-foto-fejsbuk_1

Од друга страна, Комесарот за безбедност на ФС на Србија Миливој Мирков потенцира дека секој навивач на Албанија кој ќе успеа да стигне до стадионот од страна на службите за одржување на редот ќе биде отстранет и процесиран за понатамошна постапка.

На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии со навивачи од пред стадионот на Партизан во Белград кои носат албански обележја.

Вечерашниот натпревар во Белград меѓу Србија и Албанија од квалификациите за ЕУРО 2016 ќе почне во 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он