ФОТО: Стефановски во Бузет по потврда на европската класа

Од:

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски, викендов (на 14-ти и 15-ти септември), ќе настапи на последната трка од Европското првенство на ридски патеки во Бузет, Хрватска.

Со настапот на претстојната трка, Стефановски ќе ја заокружи сезоната онака како и што ја почна – во друштво со најдобрите европски возачи на ридски патеки.

iceStefanovski (3)

Цел е да се докаже дека набавката на новото возило – Mitsubishi Lancer EVO IX и освојувањето на шампионската титула во групата N во рамките на Централно-европската зона на ФИА (ФИА ЦЕЗ шампионатот) го приближија чекор поблиску до главната цел и приоритет за догодина – континуиран настап на Европското првенство и јуриш кон европските трофеи!

iceStefanovski (1)

– Бузет е една од најлегендарните патеки од овој спорт како во регионот, така и во европски рамки. Има феноменална атмосфера од тамошнатта публика, перфектна организација и најсилна можна конкуренција. Ќе учествува целата европска елита од овој спорт бидејќи е последна трка од ЕП и ќе биде решавачка за шампионските титули. Одиме во Хрватска да видиме колку сме напредувалеод тогаш и што уште ни недостасува, за да можеме што подобро да се подготвиме за идната сезона – вели Стефановски.

iceStefanovski (2)

Остварувањето на сонот за настап во Европскиот шампионат на ридски патеки како најреномирано и најсилно натпреварување почна со набавката на новото возило. Моќното возило, набавено од поранешниот европски шампион, Петер Јурена од Словачка, му овозможи да биде конкурентен со најдобрите европски возачи на ридски патеки и со апсолутните победи на трките на Водно, Малачка (Хрватска) и Цазин (БиХ) лесно ја обезбеди титулата во групата N во рамките на ФИА ЦЕЗ шампионатот.

iceStefanovski (4)

Премиерен настап во сезоната со новото Mitsubishi, Стефановски го имаше во април, во австрискиот Рехберг на втората трка од Европскиот шампионат и му послужи како тестирање на возилото во рамките на конкуренцијата. За жал, во првото возење имаше мал пех и мало излетување, но затоа во второто го постигна најдоброто време во групата N што беше доволно за петто место во конкуренција на 18 возила.

Тоа беше историски момент за македонскиот автомобилизам бидејќи беа освоени први бодови на некоја трка од ЕП. Сепак, екипата не беше целосно подготвена за континуиран настап во рамките на ЕП и затоа во продолжението од сезоната Стефановски се фокусираше на учење на новото возило, неговите специфики и сет-ап варијанти.

iceStefanovski (5)

– Најголем сон и врвен приоритет во кариерата ми е целосен настап на Европскиот шампионат на ридски патеки како највисоко ниво во овој спорт во Европа. Конечно, напорите вродија со плод со набавката на новото возило, кое е најдобро во својата група и е главен предуслов да се биде конкурентен на ЕП. Оваа година повеќе се подготвувавме, но затоа, догодина планот е да настапуваме на што поголем број трки од ЕП со што би можеле да се вмешаме во битката за врвот во генералниот пласман. Веќе забрзано работиме на тој план и се надеваме дека преку спонзорите ќе успееме да ја затвориме финансиската конструкција и достојно да ја преставуваме Македонија на европскиот асфалт – додаде популарниот Иџе.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО НА РИДСКИ ПАТЕКИ

Европското првенство е едно од трите натпреварувања на ридски патеки кои се во организација на ФИА покрај Европскиот Куп и ФИА Челенџ купот. Се работи за најквалитетното и најврвното натпреварување во оваа дисциплина во Европа. Се состои од 13 трки кои се возат во 11 земји.

Натпреварувачите се поделени во две категории и за секоја се прогласува Европски шампион. Категоријата 1 се туристичките автомобили, а Категорија 2 се болидите и прототиповите. Бодувањето се врши според пласманот од групите од ФИА класификацијата. Категоријата 1 е поделена во 4 групи: N, A, S20 и GT.

Победникот од секоја група добива 25 бода, вториот 18, третиот 15 итн. Најжестоката битка се води во групите N и А каде што има и најголем број пријавени возачи.

 

 

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски