ФОТО: Стефановски фантастичен на тренинзите

Од:

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски постигна одличен резултат на саботните тренинзи во пресрет на трката од Европското првенство на ридски патеки на патеката во Бузет, Хрватска со што сериозно го сврте кон себе вниманието на европската елита во овој спорт во пресрет на неделната трка која е последна од шампионатот и решавачка за шампионските титули.

На првиот тренинг Стефановски беше малку резервиран и постигна време од 2:57.693 минути, но на вториот тренинг беше брилијантен. Со своето Mitsubishi Lancer EVO IX, со време од 2:45.753 минути, тој го заврши тренингот како втор во групата N, која се бодува за ЕП, во конкуренција на 22 возачи. Побрз од него беше само домашниот возач Тихомир Мухвиќ за 0,67 секунди.

stefanovski-trening (3)

Колку е квалитетен резултатот на Стефановски потврдува и генералниот пласман од тренинзите. Во конкуренција на 204 натпреварувачи, популарниот Иџе е севкупно 17-ти, а ако се одземат формулите и прототипите, меѓу автомобилите нашиот претставник имаше петто време по вредност. Зад него останаа двајцата водечки во ЕП, Чесите Лукас Војачек и Јиржи Лос.

stefanovski-trening (1)

Инаку, Хрватите ќе имаат причина повеќе на неделната трка да навиваат за Стефановски. Имено, нивниот претставник Мухвиќ е во битка за европскиот трон со чешките возачи, а нему и тоа како му одговара висок пласман на Стефановски бидејќи така Чесите би освоиле помалку бодови.

 

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски