Volkswagen претставува исклучително динамична Буба на автомобилскиот салон во Чикаго. Новата верзија GSR е со мотор со максимална моќност од 210 КЅ.
Ќе биде произведена во лимитирана серија од само 3.500 автомобили.
Интересно е што по четири децении одново дебитира најспортската производствена верзија Буба на сите времиња. Цените за Германија започнуваат од 30.300 евра.