ФОТО: Рено во Буенос Аирес го претстави обновениот Колеос

Од:

Францускиот производител на автомобили „Рено“ на Меѓународниот саем во Буенос Аирес го претстави обновениот модел Колеос. Колеос на прв поглед изгледа препознатиливо, но има нов преден браник и редизајнирана предна маска, како и поголем Рено симбол. Кросоверот доаѓа со редизајнирани фелни, а достапен е во широка палета на бои.

novkoleosreno1

Внатрешноста на Колеос има помали измени, но сепак кросоверот од Рено останува добро опремен. Тука е двозонски клима уред, детали во имитација на дрво и Р-Линк информативен систем. Моделот може да биде опремен со Босе аудио систем, систем за предупредување на црна точка на ретровизорот, како и камера на задниот дел од возилото.

novkoleosreno12

Рено се уште не објави детални спецификации на возилото, но познато е дека во понудата ќе биде достапен модел со погон на сите четири тркала.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on