ФОТО: Пристигнува „Масерати Кватропорте“ со дизел мотор

Од:

„Масерати“ информира дека новиот „Кватропорте“ наскоро  ќе добие и верзија со дизел мотор.

Веста пристигна од актуелниот Саем за автомобили во Франкфурт, а во прашање е истиот дизел мотор што ќе се вградува и во помалата лимузина, моделот „Гибли“.

Maserati Quattroporte

Станува збор за 3.0-литарски В6 дизел мотор со променлива геометрија на турбо-полначот, што ќе биде достапен во две верзии – со 250 КС (184 КW) и сo 275 КС (202 КW).

Како наведува „Масерати“, моторот ќе биде опремен и со стоп/старт систем.

maserati-quattroporte-sport-gt-s-1-big

Подетални податоци не се соопштени, но се наведува дека посилната верзија на дизел моторот ќе биде во состојба „Кватропорте“ да забрза од 0 до 100 километри за 6,4 секунди.

maserati-quattroporte-sport-gt-s-06

За и натаму да звучи како расен „Масерати“, автомобилот ќе биде опремен со посебен звучен систем што ќе го „нагласува“ карактеристичниот препознатлив звук на моторот и ќе го модулира во согаласност со начинот на кој автомовилот се управува.

2014-Maserati-Quattroporte-V8-interior-front

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on