ФОТО: Претставен Рено Клио ГТ

Од:

Францускиот производител на автомобили „Рено“ го претстави моделот Клио ГТ со 1,2 литарски турбо мотор и 120 коњски сили. Клио ГТ ќе се најде меѓу најслабиот бензински модел Клио 0,9 Тце и најмоќната изведба со ознаката РС.

Преносот на силата на предните тркала се врши преку шестстепен автоматски ЕДЦ менувач со две квачила. Максималната брзина изнесува 195 километри на час, а од 0 до 100 километри на час забрзува за 9,9 секунди.

reno-klio-gt1

Клио ГТ визуелно се разликува во предниот дел, каде предниот браник има поголеми отвори за воздух и дневни ЛЕД светла. Во задниот дел има по двоен хромиран издув и 17-инчни фелги со пневматици 205/45.

Рено тврди дека моделот во просек троши 5,2 литри, а просечната емисија на штетни гасови изнесува 120 грама на километар. Клио ГТ во Европа се очекува во септември годинава.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on