ФОТО: Претставен Ламборџини Галардо ЛП 570-4 Скуадра Корсе

Од:

Ламборџини го претстави Галардо ЛП 570-4 Скуадра Корсе, модел дизајниран да ги пренесе на патот емоциите од тркачките патеки.

Автомобилот е базиран на моделот Галардо Супер Трофео. Галардо Скуадра Корсе располага со карбонски каросериски елементи и голем заден спојлер.

Интересен детал на страничните делови од каросеријата се лентите во бои на италијанското знаме. Внатрешноста се карактеризир со целосно прекриена со Алкантра контролна табла, тркачки седишта, карбонски додатоци, алуминиумски педарли и Скуадра Корсе ознаки.

lamborginiGal1

Галардо Скуадра Корсе е придвижуван од В10 мотор со 570 коњски сили, што е доволно 1.340 колограми тешкиот автомобил од 0 до 100 километри на час да забрзува за 3,4 секунди, а од 0 до 200 километри на час за 10,4 секунди. Максималната брзина изнесува 320 километри на час.

Светската премиера се очекува на есенскиот Саем на автомобили во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on