ФОТО: Претставен Citroen DS3 Cabrio Racing

Од:

Citroen ги најави плановите за претставување на концептот DS3 Cabrio Racing овој викенд, на Фестивалот на брзината Goodwood и Саемот на автомобили во Франкфурт.

DS3 Cabrio Racing најавува продукциски модел, а истиот ќе работи со 1,6 литарскиот THP мотор со турбополнач кој ќе испорачува 202 коњски сили.

1307100882xl

Моделот е изработен во соработка со WRC тимот на Citroen, а е базиран на претставениот пред некое време хечбек DS3 Racing. Со неговата трансформација во отворен автомобил зголемена е масата на возилото за 25 килограми, а според стручњаците во Citroen тоа е сторено со цел обезбедување на поголема стабилност на возилото на патот.

1307100884xl

Сеуште нема информации за динамичките индикатори на DS3 Cabrio Racing, но се очекува тие да бидат речиси слични со оние на хечбек варијантата – забрзување од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди и максимална брзина 235 km/h.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on