ФОТО: Претседателот Иванов ги посети кошаркарите пред да заминат за Словенија

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги изненади македонските кошаркари, посетувајќи ги за време на синоќешниот тренинг во спортската сала „Борис Трајковски“.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, изненадувањето било подготвено во договор со капитенот на Македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ.

ivanovAntic1

Пред заминувањето на какедонската кошаркарска репрезентација во Словенија, каде што ќе се натпреварува на Евробаскетот 2013 година, претседателот Иванов им посака многу успех и среќа на претстојното првенство.

ivanovkosarkari2

– Мотивот за освојување високо место на претстојното првенство ме натера да ги изненадам своите соиграчи приредувајќи го ова изненадување, рече капитенот Антиќ.

ivanovBo

Претседателот Иванов на македонските репрезентативци им изрази поддршка во името на сите граѓани на Република Македонија и им порача да веруваат во себе и во своите квалитети, истакнувајќи дека досега постигнатите успеси треба да бидат дополнителен мотив за освојување висок пласман и на претстојното првенство во Словенија.

ivanovkosarkari

Перо Антиќ, во име на тимот, се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека е чест да се бранат боите на Македонија и дека репрезентативците ќе дадат се од себе да ги оправдаат очекувањата и уште еднаш да ја израдуваат целата јавност.

ivanovkosarkari1

Во знак на благодарност за посетата и искрените желби, репрезентативците му поклонија дрес на претседателот Иванов.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија