ФОТО: Олимпијакос прв финалист во кошаркарската Евролига

Од:

Олимпијакос е првиот тим кој обезбеди пласман во финалето на кошаркарската Евролига.

Во првиот меч од полуфиналето на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир што годинава се одржува во Мадрид, кошаркарите на Олимпијакос минимално со 70:68 ја совладаа екипата на ЦСКА Москва и се изборија за големото финале.

Евролига 2

Во неизвесниот финиш клучниот момент се случи на седум секунди пред крајот, при нерешен резултат, кога Василис Спанулис постигна „тројка“.

Спанулис средбата ја заврши со 13 поени од кои три „тројки“ во исто толку обиди во последниот период, додека Јоргос Принтезис постигна поени повеќе (14).

За Олимпијакос ова е третото финале во последните четири сезони.

Евролига 3

Кој ќе биде противник на Олимпијакос во финале во недела, ќе биде познато вечерва, откако во вториот полуфинален натпревар ќе играат домашниот Реал Мадрид и турската екипа Фенербахче.

Овој меч ќе започне во терминот од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он