ФОТО: Новиот Golf GTI со 220 коњски сили

Од:

Volkswagen ги објави деталите околу новиот Golf GTI кој ќе ја има својата официјална премиера во Женева.

Само неколку дена откако го претставија Golf GTD денеска Volkswagen ги објави сите официјални податоци за новиот Golf GTI.

Една од главните разлики меѓу концептот и серискиот модел е изгледот на 17-инчните алуминиумски фелни.

Оваа генерација на Golf GTI е полесна од претходната за 42 килограми, па сега тежи 1.351 килограми.

golf-gti-123726

Најинтересниот детал е под хаубата, каде се наоѓа четири-цилиндарскиот 2.0 турбо бензински мотор кој во основната верзија произведува 220 коњски сили.

Со дополнителниот спортски пакет, купувачите ќе може да добијат посилен мотор кој обезбедува дополнителни 10 коњски сили. Максималниот вртежен момент кај двата модела е 350 Nm.

Стандардниот GTI ќе забрзува од 0-100 за 6,5 секунди со максимална брзина од 246 километри на час. Силата се пренесува преку мануелниот или автоматскиот менувач со двојна спојка, а двата се со шест брзини.

Во Германија Golf GTI ќе биде достапен од почетокот на март по цена од 28.350 евра, додека во остатокот од Европа ќе пристигне во мај.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ