На саемот во Женева, Lamborgini го претстави својот суперавтомобил Veneno, најбрз досега од производството на италијанскиот автомобилски гигант.
Најбрзиот „Ламбо“ на светот е придвижуван од 6.5-литарски V12 мотор со 740 коњски сили, кој функционира во пар со 7-степен роботизиран мануелен менувач, погонот е на сите тркала, додека најголемата брзина изнесува дури 354км/ч.
Veneno ќе биде достапен само во три бои – зелена, бела и црвена кои го симболизират италијанското знаме, а цената е 3,1 милиони фунти – по примерок, секако. Болидот на сликите е тест модел и не е на продажба.