Металург им приреди ново изненадување на ракометарите кои се кренаа на бојкот за да ги бараат своите права. Додека се подготвуваа за утринскиот тренинг на кеј, кај хотелот „Александар палас“ пристигна бело комбе од сервисите за брза пошта и на капитенот Наумче Мојсовски му врачи плико, пренесува sportmedia.mk.
Станува збор за суспензијата на играчите, која клубот не се удостои да им ја врачи лично туку на овој начин. Така што сега 20-те ракометари кои му откажаа послушност на Металург за да ги штитат личните права и официјално се суспендирани.