Досега најдинамична E-Class, полна со технологија и иновации
За помалку од еден месец откако ги напушти фабричките врати, новата E-Class пристигна во Македонија. Иако, беше планирано да се направи извесно, стандардно подновување на моделот, сепак E-Class доживеа големи промени, кои можат да се забележат не само во надворешноста туку пред се во технологијата која ја носи во себе.
„Новата E-Class која веќе е во салонот на Мак Аутостар, е уште едно продолжување на успешната приказна на Mercedes која ја имавме во изминатава година со претставување на новите модели со врвен дизајн и врвна технологија. Како што велат во фабриката Mercedes, за да се создава иднина, треба се биде во одлична форма, а токму тоа е и главната порака за новата E-Class – во совршено издание“, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.
Најдинамичната E-Class досега се вградени дури 11 нови или усовршени помошни системи содржани во најновата S-Class.
Така на пример, новата E-Class може автоматски да го одржува растојанието со возилото пред Вас и во итни случаи може да иницира самостојно сопирање, што претставува полусамостојно управување или чекор поблизу кон паметните автомобили кои ќе можат сами да се управуваат.
За таа цел, на располагање се многу иновации или напредни системи, како дел од Mercedes-Benz Intelligent Drive или помошни системи кои се грижат за безбедноста и удобноста на патниците, како што се:
DISTRONIC PLUS со Steering Assist – радарски систем за одржување растојание со возило напред и помошен систем на управувачот, кој го олеснува одржувањето на возилото на коловозната лента и полуавтоматско движење на возилото во колона.
За првпат, BAS PLUS, системот за помош при сопирање со Junction Assist, систем за детектирање на попречни движења на возила и пешаците, овозможува зголемување на силина на сопирање, при активирање на сопирачката од страна на возачот.
PRE-SAFE® BRAKE, може да детектира пешаци пред возилото и да иницира самостојно сопирање со цел избегнување удар при брзини на движење до 50 км/час.
PRE-SAFE® PLUS може да препознае непосредна опасност од судир. Возилото кое се движи позади е предупредено со активирање на задни предупредувачки светла, со зачестено трепкање. Инаку, PRE-SAFE® системот ги активира мерките за заштита за намалување на силите на кои се изложени патниците при евентуален судир.
Active Lane Keeping Assist – Систем за следење на коловозната лента. Кoга постои ризик од судир, системот го спречува возилото кога ненамерно ја напушта коловозната лента со активирање на сопирачките од едната страна.
Активна контрола на долги светла, функција која овозможува долгите светла да се одржуваат на ниво без притоа да предизвика заслепување од долгите светла на возила што доаѓаат спротивно
Активна паркинг контрола, овозможува автоматско паркирање со активен управувач и контрола на сопирачките, како при паралелно, така и при паркирање наназад.
Функција за помош со сообраќајните знаци, која овозможува откривање и информирање за зоните каде е забрането претекнување, како и знаците кои го означуваат крајот на нивното значење. Во случаи на знаци кои означуваат некакви ограничувања за влез, исто така може да даде визуелни и звучно предупредување.
Камера со 360o поглед, односно ја покрива видливоста на сите четири страни на возилото.
Како дел од станадардната опрема, новата E-Class е опремена со COLLISION PREVENTION ASSIST, радарски систем за предупредување на судир, како и помошниот систем за сопирање. Овој систем значително помага во намалување на ризикот од судир. Како стандардна опција исто така е и ATTENTION ASSIST, кој помага во предупредување од невнимателност и опасност од поспаност, како и вкупното време изминато од последната направена пауза.
Новата E-Class, исто така за првпат во нејзината историја поседува дизајн со два нови предни изгледа и тоа онаа веќе препознатливата класична со издигната ѕвезда на хаубата, како и новата модерна Avangarde верзија, што го прави возилото да изгледа исклучително динамично.
Исто така, традиционалните двојни предни светла, се заменети со единечен склоп на светлата, но кога ќе се вклучат светлата, се добива графички изглед на двојни светла.
Кога станува збор за светлата и видливоста, новата E-Class поставува нови стандарди: средните како и дневните светла се изработени во т.н. LED технологија и се дел од станадардната опрема на возилото, додека целосни LED светла, се исто така достапни и тие се како опција, за првпат во оваа класа.
Внатрешноста на E-Class е исто така визулено преработена и хармонизирана со експресивниот изглед на надворешноста. Високиот квалитет на материјалите и рафинираниот изглед го истакнуваат високиот квалитет на изработка.
Што се однесува до удобноста при возењето, Mercedes посветува особено внимание, што во основа значи супериорно управување.
За таа цел, новата E-Class има на располагање четири конфигурации на суспензија:
Стандараниот модел и ELEGANCE се опремени со DIRECT CONTROL и селективеен систем за потпирање
Спортската конфигурација на DIRECT CONTROL со селективен систем за потпирање, кој е за 15 мм понизок и е дел од AVANGARDE опцијата на опременост
DIRECT CONTROL спортска веррзија е достапна заедно со надворешниот спортски пакет и AMG спортскиот пакет.
AIRMATIC воздушната суспензија со електронска контролирана суспензија е станадардна во верзијата со V8 мотори.
Новата E-Class располага со широк избор на бензински и дизел мотори. Сите се стандардно опремени со ECO старт / стоп функцијата и сите се високо ефикасни.
Како новитет е BlueDIRECT бензинскиот мотор со четири цилиндри, со насочено распрскување при директното вбризгување на горивото, технологија заснована на последната генерација на 6 и 8 цилиндрични мотори на Mercedes-Benz.
Оваа технологија вклучува брзо дејствувачки пиезо вбризгувачи, како и брзо палење со повеќе искри, турбо полнењето, потоа варијабилно приспособување на вратилото како во однос на всисната, така и во однос на издувната страна, како и воведувањето на стратификуваниот процес на согорување во комбинација со турбо полнење. Како резултат на сето тоа, новата E-Class со овој мотор постигна комбинирана потрошувачка од 5,8 л / 100 км и емисија на CO2 од само 135 г /км, со што е возило кое постигна класа на ефикасност А, кој воедно има EU6 станадард, кој треба да се воведе од 2015 година.
Моќни дизел мотори во најдобрата класа на ефикасност
Сите 6-цилиндрични мотори во новата E-Class се достапни како BlueTEC со EU6 станадард.
Понудата на мотори е збогатена и со E 300 BlueTEC HYBRID, кој ги комбинира 4-цилиндричен дизел мотор со 204 кс и електричен мотор од 27 кс. Потрошувачка изнесува само 4.1 л / 100 км и емисија на CO2 од само 107 г / км. Со ова всушност е најекономичниот модел во својата класа возила.
Инаку, новата E-Class се појави и во купе, кабриолет и караванска верзија.