Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера одигра хуманитарен егзибиционистички меч во Лос Анџелес. Тој играше дубл меч со неговиот идол од детството Пит Сампрас против браќата Брајан, а во публиката беа познатите холивудски ѕвезди Брус Вилис и Џерард Батлер.
По завршувањето на мечот, покрај потпишувањето автограми и фотографирањето со фановите, Ноле разговараше со актерите.
Фотографиите тенисерот ги постави на својот Твитер и Фејсбук профил, со коментарот – Погледнете кого запознав вчера..