Компанијата „Форд“ наскоро ќе ја претстави унапредената верзија на новиот „Мустанг“, што во својата најсилна верзија под хаубата ќе има 735 „коња“.
На саемот за специјално доработени автомобили во Лас Вегас (СЕМА 2014) „Форд“ ќе ја изложи најновата верзија на „Мустанг РТР“, наменет за оние кои од овој автомобил сакаат повеќе отколку што може да им го понуди продукцискиот модел.
На купувачите ќе им биде понуден пакет аеродинамички додатоци, кои меѓу останатото вклучуваат нов преден и заден спојлер, заден дифузер, нова маска на ладилникот…
На располагању се и механичките унапредувања, како што е спуштениот систем за потпирање со прилагодливи амортизери или новиот спортски издувен систем.
За оние кои се импресионирани од сировата снага на моторот, „Форд“ го модификуваше 5.0-литарскиот В8 агрегат. Овој мотор, што во сериската верзија на „Мустанг ГТ“ произведува 426 кс, за потребите на „Мустанг РТР“ со помош на компресор, ќе развива дури 735 кс.
Во понудата ќе се најде и засилениот 2.3-литарски ЕкоБоост, но „Форд“ не соопшти детали за неговата сила. Во стандардната верзија, овој агрегат ќе развива 309 кс.
По саемот во Лас Вегас, „Мустанг РТР“ во јануари 2015 година ќе пристигне во посебно селектирани продажни салони на „Форд“ ширум светот.