Возачите на Ферари и членови на екипата се собраа вчера пред трката за Големата награда во Шпанија, со цел да му испратат порака за поддршка на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер и да ја одбележат неговата прва победа во Формула 1, која ја оствари за италијанската екипа.
-Се сеќаваме на твојата прва победа за нас, напред Михаел е паролата пред која се собраа Фернандо Алонсо и Кими Раиконен заедно со новиот директор Марко Матијаќиј и околу 100 члена на екипата.
Првата победа во екипата на Ферари, Шумахер ја оствари во 1996 година во Монтмел, за Големата награда во Шпанија. Тој со италијанската екипа освои пет од своите седум шампионски титули.
Инаку Шумахер се наоѓа на интензивна нега од 29 декември, кога во францускиот скијачки центар Мерибел во тек на скијање тешки ја повреди главата. По две хируршки интервенции, беше во вештачка кома.
Неговата состојба по операцијата беше критична, но потоа се стабилизира. Лекарите во Универзитетската болница во Гренобл, постепено го будат од кома, а кон крајот на април, неговиот портпарол Сабине Кем соопшти дека тој повремено доаѓа при свест.
Е. Г.