Порше никогаш официјално не направи кабриолет верзија на 959, не значи дека некои други не размислиле за таквa идеја.
Белото Порше 959 од Италија е единственото и автентично од својот вид.
Се започна кога еден Германец, сопственик на ова 959 направи сообраќајка па после несреќата решил да го промени изгледот на својот автомобил.
После работата со кровот, автомобилот доби и ветробранско стакло од Porsche 911 Spidster, првата регистрација му е во 1987 год., има поминато 8100 километри, а се придвижува со 2,8 литарски шестоцилиндричен агрегат со два турбо компресори кои развиваат 444кс.
Сопственикот го продава за 999.999 евра, но како што стои во огласот може да се разговара за попуст.