ФОТО: Dodge Viper TA премиерно во Њујорк

Од:

Специјалниот оддел на Крајслер СРТ, задолжен за спортски модели го претстави најновиот Вајпер ТА „тајм атак“.

Најновиот Вајпер ТА е изработен како сериозна конкуренција на Корвета ЗР1 и во основа неговиот максимум се покажува на тркачките патеки.

Вајпер ТА е опремен со спортска суспензија од специјални амортизери и стабилизатори и специјалниот систем за контрола „ДампТроник“. Надворешно моделот е препознатлив по ексклузивната портокалова боја на каросеријата на која максимално се вклопуваат црни фелги со пневматици „Пирели П Зеро Корс“.

dodge-viper_100423805_l

Голем број аеродинамични каросериски компоненти се изработени од карбон. Црно-портокаловата комбинација на бои доминира и во внатрешноста. Стандардните спортски седишта се дополнителна потврда дека автомобилот не е создаден за компромиси.

Вајпер ТА е придвижуван од 8,1 литарски В10 мотор што развива 640 коњски сили.

Детали за перформансите на возилото се уште не се објаевни, но доволно е тоа што стандардниот Вајпер развива 331 километар на час, а од нула до 100 стигнува за околу 3 секунди.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on