ФОТО: Доделени медалите на Балканското сениорско првенство во одбојка на песок

Од:

Одбојкарските двојки Динова/Ангелова од Бугарија, во женска конкуренција и Николиќ/Киковиќ од Србија, во машка конкуренција, ги освоија првите места на Балканското сениорско првенство во одбојка на песок „Скопје 2013“, што во изминативе три дена се одржуваше на игралиштата на Градската плажа „Парк“.

odbojkaPesokMedali (1)

На најдобрите одбојкарски двојки медалите им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Ми претставува особено задоволство што во изминативе три дена на овие терени гледавме квалитетни натпревари во одбојка на песок.

odbojkaPesokMedali (6)

– Ова Балканско сениорско првенство во одбојка на песок што во Скопје се одржува првпат влезе во календарот на Светската федерација за одбојка на песок, рече градоначалникот на Скопје, Трајановски.

Второто место на овој турнир го заземаа двојките Бус/Смултеа од Романија, во женска конкуренција и Антониќ/Галешев од Србија, во машка конкуренција.

odbojkaPesokMedali (5)

На третото место се пласираа двојките Малинова/Сланчева од Бугарија, во женска конкуренција и Колев/Митев од Бугарија, во машка конкуренција.

Балканското сениорско првенство во одбојка на песок „Скопје 2013“ е во организација на Град Скопје и на Одбојкарската Федерација на Македонија.

odbojkaPesokMedali (2)

Покровител на турнирот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

На турнирот, покрај две репрезентативни машки и две женски одбојкарски двојки од Македонија, учествуваа екипи од 8 балкански држави: Србија, Романија, Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Молдавија.

odbojkaPesokMedali (3)

Скопје за првпат беше домаќин на сениорско Балканско првенство во одбојка на песок, со најголем број учесници, над 50 натпреварувачи и околу 10 официјални лица, делегати и меѓународни судии.

odbojkaPesokMedali (4)

За првите три места во машка и во женска конкуренција обезбедени се награди во вредност од по 3.500 евра.

Овој меѓународен спортски настан беше дел од Програмата за одбележување на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба