ФОТО: Бугати Верон ГС Витезе – најбрз кабриолет во светот

Од:

Бугати постави нов брзински рекод со моделот Верон Гранд Спорт Витезе, кој официјално е најбрзиот автомобил во светот со отворен покрив. Гинис неодамна ја одзема титулата најбрз сериски автомобил во светот на Верон Супер Спорт, но сепак Бугати брзо се сврте кон нови достигнувања.

Кабриолетот Верон Гранд Спорт Витезе од 2012 година на тест патеката на Фолксваген во Германија постигна максимална брзина од 408,84 километри на час, со што се запиша како најбрзиот сериски кабролет автомобил во светот.

bugatti-veyron1

Зад управувачот на Верон беше Кинезот Ентони Лиу, а резултатот официјално го потврди германската организација ТУВ, чиј претседател присуствуваше на поставувањето на рекордот.

Лиу го пофали однесувањето на автомобилот при брзина од 400 километри на час, истакнувајќи ја неговата неверојатна стабилност и удобност.

bugatti-veyron2

Верон Гранд Спорт Витезе е претставен на Саемот на автомобили во Женева во март 2012 година. Автомобилот е придвижуван од 8 литарски В16 мотор со 1.200 коњски сили.

bugatti-veyron

Бугати објави дека ќе понуди специјална ограничена серија од 8 примероци на моделот Витезе, со ознака World Record Car, чија цена ќе изнесува 1,99 милиони евра. Автомобилот ќе биде премиерно претставен на Саемот во Шангај кон крајот на април 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on