Непосредно пред заминувањето на европското кошаркарско првенство каде ќе ги брани боите на македонската репрезентација, Владимир Брчков, го стави својот потпис на договорот со кошаркарскиот клуб „Работнички“.
Првата честитка од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Ова е второто репрезентативно засилување за „Работнички“, нашиот најтрофеен клуб, кој по 4-ти септември со новата управа ќе го врати својот стар сјај и довербата кај навивачите.