ФОТО: БМВ Серија 1 за 2015 година

Од:

Германскиот производител БМВ четири години по претставувањето на втората генерација на Серија 1 изврши редизајн на моделот.

Значителни стилски промени има на предниот и задниот дел на возилото, како и промени во понудата на мотори, меѓу кои се најде и трицилиндерски бензински и дизел агрегати.

БМВ ги „освежи“ двата модели со три и пет врати, а прв впечаток е дека возилото сега изгледа посовремено. Интервенции има во предната светлосна група, маската на ладилникот и предниот браник.

132469069

ЛЕД дневни светала од 2015 година ќе бидат стандардна опрема, а како опција може да се добие целосна предна светлосна група со ЛЕД технолпогија.

БМВ Серија 1 во внатрешноста доби изменет дизајн на командите за радио и клима уред, екранот на мултимидијалниот систем и уште неколку украсни детали.

Основен модел во понудата е бензинскиот БМВ 116и со 1,5 литарски трицилиндерски мотор со 109 коњски сили. Дизелот 116д со 1,5 литарски трицилиндерски мотор испорачува 116 коњски сили.

Во понудата на мотори се наоѓаат и 1,6 литарски бензински мотор со 136 коњски сили и 177 коњски сили, како и 2,0 литарски бензински мотор со 218 коњски сили. Од дизел моторите, во понуда е 2,0 литарски мотор со 150 коњски сили и 190 коњски. Најмоќниот дволитарски дизел мотор испорачува 224 коњски сили.

Моделот БМВ Серија 1 М135и доаѓа со 3,0 литарски шестцилиндерски бензински мотор со 326 коњски сили и осумстепен автоматски менувач. Тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 4,9 секунди.

БМВ Серија 1 хДрајв со погон на сите четири тркала е достапен само со автоматски менувач. Серија 1 за 2015 година ќе биде премиерно претставен на Саемот во Женева на почетокот на март, кога ќе бидат познати и цените.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ