ФОТО: Ауди Спорт Кватро Концепт

Од:

Ауди објави технички детали и први фотографии од моделот Спорт Кватро Концепт, што ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Возилото на прв поглед потсетува на концептот од 2010 година. На предниот дел доминира голема шестаголна маска на ладилникот, додека страничните отвори за воздух се значително поголеми.

audiSPortKvatro1

Ауди Спорт Кватро Концепт е поставен на 21 инчни алуминиумски фелни и пневматици со димензии 285/30.

Вратите и страничните делови на возилото се изработени од алуминиум, додека за хаубата, конструкцијата на покривот и задниот дел на каросеријата е искористен пластичен материјал зајакнат со јаглеродни влакна. Иако, значително полесен, Ауди Спорт Кватро има маса од 1.850 килограми.

audiSPortKvatro2

Автомобилот е долг 4.602 милиметри, широк 1.964 милиметри, висок 1.386 милиметри, а меѓуоскиното растојание изнесува 2.784 милиметри.

Внатрешноста е дизајнирана според потребите на возачот, со минимален број команди и копчиња. Спортското и тркачко педигре е истакната со дизајнот на дигиталната инструмент табла на која централно место зазема аналогниот мерач на вртежи на моторот.

audiSPortKvatro4

Ауди Спорт Кватро доаѓа со хибриден погон составен од бензински 4,0 литарски твин-турбо В8 ТФСИ мотор со 560 коњски сили и електричен мотор со 150 коњски сили. Двата агрегати заедно испорачуваат комбинирана моќност од 700 коњски сили што е доволно автомобилот до 100 километри на час да забрзува за 3,7 секунди и максимална брзина од 305 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска