ФОТО: Алфа Ромео Џулиета 2014

Од:

Алфа Ромео ја претстави редизајнирата Џулиета, што освен мали промени во надворешноста и внатрешноста ќе добие и нов 2.0 ЈТДМ 2 турбо дизел мотор.

Италијанската компанија од претставувањето на Џулиета во 2010 година досега има продадено 212.000 примероци.

Три години од појавувањето, автомобилот го доби првиот фејслифтинг. Џулиета доби нова маска на ладилникот и нешто поголемо лого на компанијата.

alfadzulieta1

Светлата за магла, се исто така зголемени, а во понудата се наоѓаат и нови алуминиумски фелни со димензии од 16 и 18 инчи.

Во внатрешноста достапен е У-конект мултимедијален систем со 5 или 6,5 инчен екран осетлив на допир, а во понудата достапни се нови бои и материјали за седиштата, инструмент таблата и вратите.

alfadzulieta12

Џулиета 2014 доаѓа со нов мотор 2,0 ЈТДМ 2 турбо-дизел со 150 коњски сили.

Алфа Ромео официјално ќе ја претстави Џулиета 2014 на претстојниот Саем на автомобили во Франкфурт.

alfadzulieta124

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска