Форже: Федерер не смее да го пропушти Ролан Гарос

Од:

Директорот на Ролан Гарос, Ги Форже, смета дека Роже Федерер би можел да ја освои титулата во Париз, дури и доколку игра против Рафаел Надал.

Федерер на овој турнир не се натпреваруваше изминатите две сезони, а за тоа време Надал стигна до десетата титула на Ролан Гарос.

Пред две години швајцарскиот тенисер не се појави поради повреда, а минатата година одлучи да ја пропушти целата сезона со турнири на песок. Поради гласините дека и оваа година планира да го стори тоа, реагираше директорот на Ролан Гарос кој потенцира дека „Федерер оддава впечаток на физички добро подготвен“.

– Ќе ја почитуваме неговата одлука, каква и да е таа. Но, сепак досега не се случило првиот тенисер во светот да не игра на Грен слем, а при тоа да не е повреден. Лично сметам дека е подготвен да дојде до финалето на Ролан Гарос, па дури и да го освои. Надал е тука, како и сите останати играчи, но Федерер веќе има победи на песок. Тој игра на нивото од пред две години, но на крајот се зависи од него, истакна Форже.

Федерер досега само еднаш го има освоено Ролан Гарос, а четири пати беше поразен во финалето од Рафаел Надал.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест