Форс Индија го презентираше болидот за новата сезона во Формула 1

Од:

Форс Индија денеска го презентираше својот болид со кој што ќе се натпреварува во престојната Формула 1 сезона.

Во Силверстоун Форс Индија го презентираше новиот VJM10 болид, кој што ќе вози со Мерцедес мотор.

Минатата сезона тие ги надминаа очекувањата и завршија на четвртата позиција во рагирањето по конструктори. За оваа сезона тимскиот директор Виџеј Малаја не сакаше да предвидува како би се рангирал тимот.

„Повторување на резултатите од минатата сезона ќе биде тешка задача. Не сакам да поставуваме никакви цели, освен тоа да го задржиме моментумот од минатата сезона. Постојат премногу непознаници за да може било што друго да предвидуваме“ изјави тој.

Болидот беше презентиран од Серхио Перез, за кого ова ќе биде четврта сезона со Форс Индија и новиот возач Естебан Окон.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес