Некогаш најгледаниот спортски настан во светот бележи постојан пад на гледаноста, а аналитичарите од авто-мото спортот за шпанските медиуми велат дека само изнаоѓањето на новите пазари придонесуваат да не се случи целосен колапс на Формула 1.
– Интересот на гледачите за Формула 1 трките постојано опаѓа. Честите менувања на правилата, воведувањето на ограничувачки факори, постојаните инсистирања во преден план да биде автоматиката пред човечкиот фактор и слични работи доведоа до тоа да секоја сезона некој тим е супериорен, а болидите од послабите конструктори остануваат инфериорни. Јазот меѓу нив и поголемите е се поизраззен, пишуваат шпанските медиуми во статијата пред утрешната трка во Барселона.
Оваа анализа е директна последица на вчерашните случувања на патеката „Каталуња“ крај Барселона кога еден возач од екипа која се натпреварува во Формула 2 извозе побрз круг од пет возачи во Ф1 и тоа Грожан, Ериксон, Кобајаши, Чилтон и Бјанки.
Возачот на „Форс Индија“ Серхио Перез изјави дека никогаш порано не се случило некој од Ф2 да има подобро време од Ф1. Тој за ваквиот развој на настаните ги посочи како виновни производителите на гуми, поконкретно „Пирели“.
– Мораат да произведат поагресивни компоненти и да овозможат повозбудливи трки. Вака сме сведоци само на здодевни трки каде болидите се следат еден со друг. Нема акција, нема атрактивни претекнувања, ако се обидеш тоа да го направиш може да се случи пролизгување. Се надевам дека нешто ќе се направи на овој план, изјави Перез.